Трчањето како начин на живот, а трката како шлаг во Битола

Точка

23/08/2019

16:11

1.510

Големина на фонт

а а а

Битола ја добива првата градска трка. Името на трката е битолски "Трчај бе" како што е и името на Здружението на организаторите кои стојат позади оваа идеја кои за себеси ќе речат дека се луѓе со желба за трчање. Целата идеја започна минатата година, кога таа група ентузијасти кои професионално се во некои сериозни професии, а го сакаат трчањето, се запраша како да го натера градот кој е познат по маратонски седење и пиење на кафе по Широк Сокак да почне рекреативно да трча.

И зошто Битола како многу други градови во државата нема своја трка?

Така започна оваа идеја, која денес е пред реализиација и зад која застанаа многу познати јавни личности, институции, комапнии и жители на градот Битола.  

"Трендот да почне да се трча е видлив, паркот никогаш не бил со толкава бројка на трчачи ова лето на исклучително високи темепратури. Трнед кој е извонреден, позитивен и незапирлив. И можеме да зборуваме за одличен старт по бројот на пријавените кои расте секојдневно и интеракцијата со јавноста која ја остваривме преку социјалните медиуми"- ќе истакнат организаторите.

Да се поттикне трчањето како рекреативен спорт во Битола е одлична работа за целата заедница. Нашата цел не е да ги натераме луѓето да се одважат да истрчаат маратон, иако Битола веќе има маратонци со одлични резултати и атлетичари со награди на кратки стази. Нашата цел е да ги поттикнеме да одлучат да се пријават и да ги истрчаат своите први 5км.

На трката веќе е пријавен кремот на македонските атлетичари кои победуваат на трките во нашата земја и нижат успеси низ светот.

Нивното присуство на трката ќе му даде вредност која треба да се искористи не само да стане традиција туку да прерасне во поголем спортски ивент кој ќе ги надмине границите на локалното.

Сепак тенденцијата преку вакоб настан да се промовира трчањето кај широката популација останува определба на Трчај бе.

Тие за себеси ќе речат: "Трчај бе" не е атлетски клуб. Нам не ни се најважни тие кои први ќе ја поминат целта, иако им се восхитуваме и ќе им ракоплескаме и затоа ќе ја организираме првата градска трка во трчање. Секој голем напор и секое поминување низ целта се победа за сите нас. Нашата цел е да создадеме што повеќе задоволни Трчај бе вљубеници и да им помогнеме да ги поминат своите први и најбрзи километри. Ние сме тркачите на Битола и со Трчај бе создаваме нова спортска приказна за градот. Така, на 15 септември во Битола ќе се одржи првата градска трка на 5 и 10км.

Трчај бе има моќ да го промени животот на битолчани. Трчај бе ќе ја организира првата градска трка. Трчај бе ќе ве натера да почувствувате што значи да се придвижите и физички и духовно. Блескава промена е да истрчаш една трка и низ целта да поминеш со подигнати раце. Ние тоа ќе Ви го озвоможиме, за да почуствувате колку трчањето може да Ви го промени животот на подобро.

Чест ни е да бидете Трчај бе тим со нас. Се гледаме на стартот на трката на 15 Септември.

Ова е линкот за пријавување доколку не сте се пријавиле досега: http://www.smartrace.club/ 




Спонзорирани линкови

Маркетинг