Продаден најдобриот автомобил во историјата за вртоглава сума на пари

Супермен

23/08/2019

16:20

3.908

Големина на фонт

а а а

Вистинска поезија на тркала. Некогаш најбрзиот автомобил на светот продаден е на аукција на американски милијардер кој засега останал анонимен.

Автомобилот е продаден за вртоглави 18 милиони евра.

Станува збор за McLarenu F1 LM кој спаѓа во редот на најголемите технолошки достигнувања во патниот транспорт.

Ремек делото на Гордон Мари е автомобилот на кој и денес се восхитуваме и тоа на секој од 106-те произведени.

А од тие 106 автомобили дури 64 смееле да излезат на јавен пат. Меѓу нив посебен број добива оној автомобил со сериски број #18.

Некогаш најбрзиот автомобил на светот имал и свое специјално издание со LM спецификација за моторот и  таканаречен downforce пакет за каросериско надоградување. Надворешниот знак за препознавање е фиксното задно крило, а при возење моторот V12 на BMW-то може да се заврти и до 1.000 пати во минута повеќе од стандардната верзија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk