Славната актерка го доживеала својот прв бакнеж со Бред Пит: “Беше одвратно”

Точка

23/08/2019

15:41

3.889

Големина на фонт

а а а

Многу жени ширум светот сигурно би биле воодушевени доколку би добиле прилика да го бакнат Бред Пит, но актерката Кирстен Данст нема убави спомени од тоа искуство.

Имено, во текот на снимањето на филмот “Interview With The Vampire”, кога имала само 11 години, нејзиниот лик Клаудија требало да го бакне Луис, кој го глумел токму Пит, а тоа на младата актерка ѝ бил прв бакнеж во животот. 

“Беше одвратно. Стојам зад оваа изјава. Би било многу изопачено доколку тоа му се допаѓа на едно 11-годишно девојче. Би помислиле дека нешто не е во ред со тоа дете”, раскажала Данст за “Entertainment Today”.

Иако бакнежот не ѝ останал во убаво сеќавање, актерката имала само пофални зборови за своите колеги од филмот, Бред Пит и Том Круз.

“Беа многу драги. Се однесуваа кон мене како да сум им помала сестра”, изјавила таа.

Филмот е снимен во 1994 година, кога Бред Пит имал 30 години, а Кирстен само 11.



Спонзорирани линкови

Маркетинг