Солскјер се огласи во јавноста по написите дека му забранил на Погба да изведува пенали

Дерби

23/08/2019

17:19

1.501

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на денешната прес конференција во пресрет на средбата со Кристал Палас зборуваше на неколку теми поврзани со клубот.

Норвежанецот се осврна и на ситуацијата со изведувањето на пеналите во клубот, откако Погба не успеа да реализира удар од 11 метри на дуелот со Вулверхемптон.

Тогаш медиумите објавија дека Солскјер пред сите му кажал на Погба дека тој повеќе нема да ги изведува пеналите, но сега стратегот на „ѓаволите“ го демантираше тоа и потврди дека и Погба и Рашфорд остануваат изведувачи на најстрогите казни на клубот.

-Сигурен сум дека ќе го видите Пол Погба како постигнува голови од пенали за Манчестер Јунајтед повторно. Дефинитивно. Ајде да видиме кога ќе го изведе следниот пенал. Ние ги вежбаме пеналите, а Маркус и Пол се уште ќе ги извеуваат. Нема никакво ривалство меѓу нив. Не е дека оставам пеналите да ги шутираат само двајца фудбалери, во моментов се номинирани тие двајца, но во иднина бројката може да се зголеми, -истакна Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг