Од таборот на Наполи штотуку го претставија своето најголемо летно засилување за кое долго време се водеа преговори.
Нов фудбалер на клубот од Неапол е Хирвинг Лозано кој доаѓа од редовите на ПСВ за сума од 38 милиони евра плус бонуси. Лозано во таборот на Наполи ќе заработува сума од четири милиони евра по сезона.
Неговиот трансфер прв го објави претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кој преку социјалните мрежи му посака добредојде на Лозано.
Во неговиот договор фудбалерот се согласи да има и откупна клаузула која изнесува 130 милиони евра.