Зидан: Не можам да го замислам тимот без Навас

Точка

23/08/2019

16:04

1.294

Големина на фонт

а а а

Во изминативе неколку дена се појавија гласини дека Кејлор Навас би можел наскоро да се пресели во редовите на ПСЖ.

Сепак, во меѓувреме се огласи тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој што порача дека Навас нема да оди никаде.

„Не можам да го замислам овој тим без него. Тој е наш важен играч, отсекогаш беше и секогаш ќе биде. Не размислувам за можноста тој да ја напушти екипата. Не ми рекол дека сака да си оди, тој е овде и сака да игра“, изјави Зидан и додаде:

„Тоа е за нас многу важно, тој секогаш бил професионалец. Ќе имаме многу натпревари и ќе ни биде потребен. Тој секогаш во Реал се покажувал во најдобро светло. Тука е и сметаме на него, тоа е пораката. Сакам Кејлор да остане со нас“, изјави Зидан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг