Вака згодната Хрватка ограбила многу локали во Сиднеј: За себе вели дека е горда мајка, претприемничка и ловец на таленти, а сега испливала снимка од нејзините грабежи

Точка

23/08/2019

15:22

4.815

Големина на фонт

а а а

Австралијанката Моник Агостино и инстаграм моделот со хрватски корени, во вторникот сама се бранела пред судот во Сиднеј, каде е обвинета за серија грабежи. И го одбиле барањето за кауција. Откако светските медиуми ја пренеле веста дека е уапсена, на социјалните мрежи се појавила снимка од еден нејзин грабеж.

На снимката од безбедносните камери, која ја објавил "9 News Sidney", може да се види како провалува во еден локал, облечена во црни панталони и јакна, со качкет и маска преку лицето. 

Судот во вторникот и ја одбил можноста за кауција, а ја товари за две провали и кражба на имот во вредност од околу 60.000 долари, како и за провала во компанија за да украде иста вредност.

Агостино пред судот рекла дека не се чувствува виновна.

Минататa година австралиската полиција ја сопрела во Мицубиши Ланцер. При редовната контрола на полицајците во око им влегло длетото кое се нашло во автомобилот, како и три мобилни телефони, од кои на едниот пишувало "Сопственост на компанија Линфокс".

Откако ја привела, полицијата спровела истрага на чија основа Моник била обвинета за неколку грабежи.

Тоа би било само уште една класична приказна за "ситен" ограбувач, ако на крајот не се воспоставило дека Моник е инстаграм модел, и дека на социјалната мрежа ја следат речиси 8.000 луѓе.

Во описот на профилот се претставува како горда мајка, Хрватка/Австралијанка, како и ловец на таленти и претприемник.




Спонзорирани линкови

Маркетинг