Хамилтон: И покрај доминацијата, Мерцедес не е совршен

КРУГ.МК

23/08/2019

14:59

196

Големина на фонт

а а а

Моментално сезоната на Мерцедес е тотална супериорност, германската екипа стигна до 10 победи во 12те трки, а беа поразени само од Макс Верстапен и Ред Бул, но сепак водат во пласманот пред Ферари со 250 поени разлика.

Најголемиот дел од победите на Мерцедес се благодарение на Хамилтон, кој води во генералниот пласман со предност од 62 поени пред тимскиот колега, Валтери Ботас.

Доколку не се случи некаква катастрофа, британецот јасно се движи кон својата шеста шампионска титула. Сепак, Хамилтон не се фокусира на тоа што постигнал досега, наместо на тоа што го испуштил и од која причина.

„ГЛЕДАМ КОН ТРКИТЕ И СИ ВЕЛАМ “8 ОД 12“, НЕШТО СЕУШТЕ НЕДОСТАСУВА, КАКО НЕ ПОБЕДИВМЕ И НА ТИЕ, ЗОШТО НЕ БЕВМЕ СОВРШЕНИ И ТИЕ ВИКЕНДИ.

ИМАВМЕ ТРКИ КАДЕ ИМАВМЕ СРЕЌА, КАДЕ ФЕРАРИ БЕА ПОБРЗИ, НО ПОНЕКОГАШ ПОРАДИ ГРЕШКА НА ТИМОТ, ГРЕШКА НА ВОЗАЧОТ, КАКО ВО БАКУ И БАХРЕИН, НИВНИОТ БОЛИД ОТКАЖА, ИНАКУ ТИЕ ЌЕ ПОБЕДЕА.

ТОА ПОКАЖУВА КОЛКУ СМЕ СИТЕ НА РАБОТ И НИШТО НЕМА ДА НИ БИДЕ ПОДАРЕНО И МОРА ДА РАБОТИМЕ НАПОРНО. ТОА ШТО Е НАВИСТИНА ОДЛИЧНО ВО ОВОЈ ТИМ ШТО НИКОЈ НЕ ПРЕСТАНУВА СО РАБОТА.

АКО НЕКОГАШ СЕ СЛУЧИ ТОА, РЕЗУЛТАТИТЕ ГО ПОКАЖУВААТ ИСХОДОТ И ПОТОА СЕ ВРАЌАМЕ. НО ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ВРЕМЕТО НЕМАМЕ ТАКОВ СТАВ, СЕКОГАШ ПРИСТГНУВАМЕ СО ИСТИОТ МЕНТАЛИТЕТ, СМЕ ГО ПОСТИГНАЛЕ СИОТ ОВОЈ УСПЕХ, НО СИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ СО РАБОТА НАПОРНО. НИКОЈ НЕ Е ПОДОБАР ОД ДРУГИТЕ И СИТЕ СЕ ПОДРЖУВАМЕ.

ОВИЕ ОСУМ ПОБЕДИ ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА СЕ ОЧИГЛЕДНО НЕВЕРОЈАТНИ. АКО НЕКОЈ ГО ПОТЦЕНУВА НАШИОТ УСПЕХ, МОРА ДА ЗАПОМНИТЕ КОЛКУ Е ТЕШКО ЗА НЕКОЈ КОЈ БИЛ УСПЕШЕН ДА ГО ПОСТИГНЕ ТОА И ПОКРАЈ ПЕРФОРМАНСИТЕ.

СЕ УШТЕ ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ СЕКОЈ ВИКЕНД, СЕУШТЕ ИМА ДВАЈЦА ВОЗАЧИ ВО СЕКОЈА ЕКИПА, ИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ Е ГЛАВНА ЗАДАЧА“.

И покрај тоа што неговата позиција во пласманот е загарантирана, Хамилтон реално смета дека ќе има неколку конкуренти кои ќе го нападнат во вториот дел од сезоната.

„НАВИСТИНА ВЕРУВАМ ДЕКА ВТОРАТА ПОЛОВИНА МОЖЕ ДА БИДЕ МНОГУ ПОТЕШКА ЗА НАС БИДЕЈЌИ ЌЕ МОРА ДА ЈА ПРОДОЛЖИМЕ ОВАА БИТКА. ОЧИГЛЕДНО ФЕРАРИ ИМА ДОБАР ПАКЕТ, ИМААТ СВОЈА ФИЛОЗОФИЈА ГОДИНАВА КОЈА НЕ ФУНКЦИОНИРА СЕКАДЕ.

РЕД БУЛ ИЗГЛЕДААТ … НЕ ЗНАМ ШТО ПРОМЕНИЛЕ НА СВОЈОТ БОЛИД, НО ИЗГЛЕДА ДЕКА СЕ ДВИЖАТ ВО ВИСТИНСКА НАСОКА, МОТОРОТ ОЧИГЛЕДНО Е ГОЛЕМ ЧЕКОР НАПРЕД ШТО Е ОДЛИЧНО. МОЖАМ ДА ВИ КАЖАМ ДЕКА НИЕ НЕ СМЕ СОВРШЕНИ. СЕУШТЕ ИМА ОБЛАСТИ ВО КОИ МОРА ДА СЕ ПОДОБРИМЕ И ОДВАЈ ЧЕКАМ НА ТОА ПАТЕШЕСТВИЕ“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг