Памела признала дека и натаму го користи славниот црвен костим за капење, а еве за што

Точка

23/08/2019

13:21

2.217

Големина на фонт

а а а

Андерсон во "Чуварите на плажата" ја играла Си Џеј Паркер - од 1992-ра до 1997-ма година.

Памела Андерсон (52), барем кога се работи за мажите, е најпозната во улогата во серијата "Чувари на плажата", кога ги препотувала гледачите со ненормално добриот изглед, во костим за капење кој е популарен и речиси 30 години подоцна. 

Славниот црвен костим за капење не му здодеал никому, па ни на неа, а и денес е дел од нејзиниот живот.

Памела, која со снимањето на споменатата серија завршила пред речиси 20 години, вели дека костимот и натаму и служи за во реалниот живот да заведува мажи.

"Се туширам во тој костим, па мокра се забавувам со нив низ целата куќа", рекла Памела.

Потсетуваме, Андерсон во "Чуварите на плажата" ја играла Си Џеј Паркер - од 1992-ра до 1997-ма година.

Покрај Памела, во серијата глумеле и Дејвид Хаселхоф, како и Кармен Електра.

Инаку, кога продуцентите на серијата смислувале што ќе носат на себе спасувачите на плажата, немале намера костимот да биде сексапилен.

Сепак, кога Памела во него почнала да трча по плажата, станала секс симбол, а таа титула ја носи до ден денес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг