Британец кој силувал жена пред нејзиното дете доби 18 години затвор

Макфакс

23/08/2019

12:32

1.072

Големина на фонт

а а а

Човек кој сексуално, физички и психички малтретирал жена во Манчестер пред очите на нејзиниот малолетен син е осуден на 18 години затвор.

Крег Моран повеќе пати ја злоупотребил жртвата во период од три дена, при што таа била сериозно повредена, меѓудругото, и со скршеница на ногата, пренесе „Индипендент“.

34-годишниот маж ја оставил жената крвава и во состојба во која не можела да оди. Инспекторите го нарекоа нападот – дело на болен ум.

Полицијата соопшти дека злоупотребата започнала на 8. февруари кога Моран ја посетил жената во нејзиниот дом и почнал да пие. Нејзиниот син бил присутен во тој момент.

Откако ја нападнал, украл дел од нејзините лични предмети и заминал.

Кога следниот ден жената отишла во неговиот стан за да си ги врати работите, тој брутално ја претепал, сексуално ја нападнал и и се заканил дека ќе умре.

Таа завршила со повреди на главата, лицето, раката и нозете.

Два дена подоцна, таа тешко повредена била пронајдена од брачна двојка кои ја пренеле во болница. Таму, го известила медицинскиот персонал за тоа што се случило со неа, по што случајот бил пријавен во полиција.

Полицијата набрзо го лоцирала и го уапсила Моран, а тој подоцна се изјаснил за виновен во судот за напад, принудување на секс, смртни закани и противење при апсење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг