„Шмркав, изневерував, но не сум лажга!“: Сурово искрена порака на светската ѕвезда по распаѓањето на бракот

Точка

23/08/2019

22:08

11.413

Големина на фонт

а а а

„Можам да признам многу работи, но одбивам да признам дека мојот брак завршил затоа што сум изневерувала“ - навела пејачката во своето соопштение.

Пејачката Мајли Сајрус (26) решила да ја отвори душата и првпат се огласила по распаѓањето на бракот со Лиам Хемсворт (29). Музичката ѕвезда демантирала во своето соопштение кое го објавила на социјалната мрежа дека го изневерувала популарниот актер и изнела некои непознати детали од својот живот.

„Можам да прифатам дека животот кој го избрав значи дека мора да живеам отворено и транспарентно со моите фанови кои ме сакаат и со јавноста. Тоа што не можам да го прифатам е тоа што се шпекулира дека лажам дека сум направила “злодело“ кое не сум го направила. Немам што да кријам“ - почнала Мајли.

„Не е тајна дека сум се забавувала во моите тинејџерски и рани 20-ти години. Не само што пушев цигари, марихуана, експериментирав со дрога туку мојот најголем хит беше играње на таблет и шмркање линии (кокаин) во тоалетот. Секогаш изневерував во врските кога бев млада. Изгубив голема работа со Волтмарт затоа што пушев од бонг. Бев исфрлена од хотел Трансилванија затоа што на Лијам за роденден му купив торта во облик на пенис и ја лижев“ - напишала Мајли и продолжила:

„Но вистината е дека кога се смирив со Лиам јас бев посветена. Немам никакви тајни да ви откривам тука. Научив од секое искуство од мојот живот. Не сум совршена, не сакам да бидам, досадно е тоа. Пораснав пред вас, но суштината е дека пораснав. Можам да признам многу работи, но одбивам да признам дека мојот брак завршил поради тоа што сум изневерувала. Лиам и јас бевме заедно со децении. Тоа сум го кажала и претходно и тоа останува точно, го сакам Лиам и секогаш ќе го сакам. Јас сум најздрава и најсреќна веќе подолго време. Можете да ми кажете дека сум девојка која тверка и која пуши марихуана, но не сум лажливка“ - заклучила Мајли.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk