Шест деца загинаа, 70 се повредени во стампедо на концерт во Алжир

Макфакс

23/08/2019

11:54

695

Големина на фонт

а а а

Најмалку шест деца загинаа, а 70 лица се повредени во стампедо на концерт во престолнината на Алжир.Повеќе илјади лица присуствувале на концертот на стадионот во Алжир на локалната рап ѕвезда Абдуларауф Дераџи, попознат како „Соликинг“ (Soolking)

Во четвртокот вкупно 45.000 алжирски посетители се собрале да го видат раперот на стадионот во Алжир. Концертот за жал се претворил во трагедија кога се случило стампедо на еден од влезовите.

Според локални медиуми, 6 деца, на возраст меѓу 6 и 12 години, загинале во стампедото, додека 70 други се повредени. Снимките од инцидентот се објавени на различни платформи на социјалните медиуми, на кои се прикажани лекари кои ги носат жртвите пред стадионот.

И покрај паниката, концертот се одржал и бил пренесуван во живо на телевизија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг