Амазонија во пламен, Болсонаро порачува: „Знам зошто ги испраќате парите, не се мешајте!“

Точка

23/08/2019

12:30

4.748

Големина на фонт

а а а

Катастрофалните пожари кои ја зафатија Амазонија се предмет на префрлања на светските политичари.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјавил дека земјите кои донираат пари за заштита на шумите во Амазонија кои оваа година се зафатени од незапомнети пожари, тоа не го прават од “милост“ туку за да се мешаат во суверенитетот на Бразил.  

Францускиот претседател Емануел Макрон и генералниот секретар на ОН Антонио Гутераш на Твитер ја изразиле својата загриженост поради рекордниот број пожари кои ја зафатиле Амазонија, уништувајќи ги шумите кои се центарот на светот во борбата на климатските промени.

Меѓутоа, Болсонаро како што наведуваат од „Ројтерс“ со лутина одговорил за она шо го сметал за отворено мешање во таа работа.


„Тие земји кои испраќаат пари тука, не го прават тоа од “милост“. Тие испраќаат пари за да се мешаат во нашиот суверенитет“ - напишал Болсонаро на Фејсбук.

Тој, меѓутоа првпат ја изнел можноста дека фармерите ги подметнуваат шумските пожари.

Бројните еколози откриваат дека за пожарите, претседателот на Бразил, кој е во периодот на предизборната кампања ветил дека ќе ја обнови економијата на земјата така што ќе го истражи економскиот потенцијал на Амазонија.

Организациите за заштита на животната средина сметаат дека Болсонаро ги охрабрил ранчерите, фармерите и дрвосечачите да ги експлоатираат и палат прашумите како никогаш претходно и за тоа да знаат дека нема да бидат казнети.


Болсонаро ги одбил обвиненијата дека е одговорен за пожарите.

Амазонските прашуми произведуваат околу 20 отсто од светскиот кислород, а поради тоа често се наречени “бели дробови на планетава“.

Светската фондација за природа соопштила дека таа е “неповратно оштетена“ и предупредила дека наместо кислород би можела да почне да емитува јаглен, кој е главен покренувач на климатските промени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг