Судењето за „Титаник“ одложено за 4. септември

Макфакс

23/08/2019

11:53

572

Големина на фонт

а а а

По паузата на денешното рочиште за предметот „Титаник“, судијата Осман Шабани ја одложи главната расправа за четврти септември.

Обвинителката Лиле Стефанова побара време за да се произнесе за предлогот за изземање.

Пред паузата, адвокатот Димитар Дангов побара обвинителката Лиле Стефанова да биде изземена од предметот поради притворот на Катица Јанева.

„Со респект кон обвинителката Лиле Стефанова, кон која, сите во салата имаат почит, таа нема право да го застапува овој предмет“, рече Дангов и образложи дека тоа е поради правните дејствија во предметот „Рекет“.

Покрај поранешниот премиер Никола Груевски, во случајот „Титаник“ обвинети се и поранешните функционери Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

СЈО ги обвини за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.




Спонзорирани линкови

Маркетинг