Ден на жалост во Полска поради жртвите од удар на гром на Татрите

Макфакс

23/08/2019

11:51

701

Големина на фонт

а а а

Најмалку пет лица загинаа, а над 100 се повредени при удар на молња на планинскиот венец Татри во невремето кое ја зафати Полска, соопшти премиерот Матеуш Моравијецки.

Молњата погодила група планинари кои биле на врв на планинскиот венец Татри, кој се наоѓа на границата меѓу Полска и Словачка.

На полска страна загинаа четири лица, меѓу кои две деца, додека едно лице загина на словачката страна на планината.

Очевидци велат дека бурата над планинскиот врв се создала одеднаш, после сончево утро.

„Никој не очекувал така нагло да избие силна бура“, истакна полскиот премиер.

Во невремето повредени се над 100 лица, а на терен се наоѓаат четири хеликоптери, јави Би-би-си.

Најсилниот удар на молњата се случи на врвот на Гевонт, каде таа погодила во 15 метри висок метален крст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг