Некои од најсподелуваните фотографии од пожарите во амазонските прашуми се стари - и не се од Амазон

Точка

23/08/2019

10:52

2.771

Големина на фонт

а а а

Социјалните медиуми помагаат да се покријат пожарите во Амазонија, но исто така придонесуваат и за дезинформирање на јавноста.

Нема сомнение во тоа дека голем дел од амазонските прашуми горат, а луѓето во голем дел се одговорни за пожарите. 

Само во Бразил, има за 80 проценти повеќе пожари оваа година отколку минатата, пренесува Националната вселенска агенција.

Повеќе од пожарите во Бразил се амазонскиот регион.

Сателитските снимки помагаат да се види колку пожари беснеат во државата, но и колку чадот се шири и се надвива над градовите во тој регион.

Сепак, меѓу фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи има преплетување од моменталните, но и од пожари од минатото.

Една таква фотографија - една од најсподелуваните на социјалните мрежи - покажува шума во пламен, од каде се ослободуваат огромни количини на чад.

Музичарот и актер Џејден Смит ја споделил фотографијата на Инстаграм, каде добил повеќе од милион лајкови. Јутјуб ѕвездата Логан Пол ја споделил истата фотографија на Твитер.

Да, фотографијата прикажува пожар во амазонските прашуми. Но, не станува збор за актуелен пожар. Фотографијата и пожарот се стари повеќе од 20 години. "Guardian", кој ја објавил фотографијата во 2007-ма година, вели дека истата е направена во јуни 1989-та.

Забавните сајтови како "9Gag" и "UNILAD" исто така ја објавиле фотографијата на своите сајтови. Нивните објави на социјалните мрежи се споделуваат повеќе од 10.000 пати.

Уште една фотографија кружи на социјалните мрежи, а таа има за цел да ги покаже пожарите кои беснеат во овој дел од Бразил. Леонардо Ди Каприо ја споделил на својот профил на Инстаграм и добил повеќе од 3 милиони лајкови.

Дури и организацијата "Rainforest Trust", која се обидува да собере донации за да се стави крај на пожарите, ја споделила фотографијата на својот профил на Твитер.

Сепак, ни оваа фотографија не ги прикажува актуелните пожари во Амазонија. CNN ја пронашол оваа фотографија објавена на еден сајт во 2018-та година.

Актерот Дејвид Ликуако споделил четири фотографии - ниедна од нив не е од моменталните пожари.

Две од фотографиите не се дури ни во амазонските прашуми. Едната фотографија е од пожар во 2018-та година во Шведска, а другата е од пожар во Монтана од 6-ти август 2000-та година.

Најтрогателните фотографии кои се споделуваат се од изгорени остатоци од животни и од животни кои се обидуваат да побегнат од пожарите. Блогерката Натали Муњоз објавила серија од фотографии од амазонските прашуми.

Фотографијата од мајмун кој плаче, држејќи помал мајмун, не е од Амазон. Направена е во Јабалпур , Индија, а ја направил Авинаш Лоди во април 2016-та година. Фотографијата од изгорен зајак е од 2018-та година, од пожар во Малибу, Калифорнија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг