Државјани на Србија и Турција биле приведени на скопскиот аеродром на 22 август, во два одделни случаи.
Како што информираат од МВР и двајцата се наоѓале на листата на лица за апсење.
Србинот на возраст од 24 години и 61-годишниот Турчин биле идентификувани при пасошки контроли на аеродромот.
Двајцата се приведени и предадени на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.