Ова мора да го видите: Првпат се породила на 13 години, а денес е мајка на 44 деца

Кармин

23/08/2019

10:00

3.117

Големина на фонт

а а а

Таа за себе вели дека е благословена од Бог. Маријам Набатанзи (37) од Уганда прогласена е за најплодна жена во Африка затоа што родила 44 деца.

Трипати родила 4-ка, четири пати 3-ка, 6 пати близнаци и поради тоа го добила името “налонго музала бана“ што во слободен превод значи “мајка на близнаци која раѓа четворки“.

Маријам поради ретко хормонско пореметување, хиперовулација, произведува неколку ќелии од јајниците во текот на еден циклус. Кај ваквата хиперовулација доколку ќелиите на јајниците се зголемат, а не се оплодат може да се уништи целиот репродуктивен систем.


Меѓу нејзините деца најстарото има 23 години, а најмладото четири месеци.

Првпат останала бремена на 13 години.

Кога од докторот побарала совет да ја намали својата плодност кажано ѝ било дека дехормоналната контрацепција може да штети на нејзиното здравје и на понатамошното раѓање.

##https://twitter.com/TruefactWorld/status/1056086018233958400##

„Живеам со 21 дете, некои од моите деца ги посвоија парови кои не можеа да имаат деца додека пак останатите живеат со моите роднини и членови на семејството кои ни помагаат да ги прехраниме и да ги одгледаме“ - изјавила Маријам.

Како што наведуваат експертите кои ги набљудувале децата тие велат дека се целосно здрави и натпросечно интелигентни.

Маријам моментално е самохрана мајка затоа што нејзиниот сопруг по последното породување ја напуштил, а таа сама го одгледува семејството и вели дека нејзините деца се најголемиот благослов, а не товар.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk