Необичен улов на езерото Шамплејн кај Њујорк: Уловила риба со две усти

Точка

23/08/2019

09:48

2.372

Големина на фонт

а а а

Деби Гедс била на риболов со сопругот на езерото Шемплејн, во близина на Њујорк, кога од водата извлекла страшно суштество.

Станува збор за риба со две усти. Фотографиите од својот плен ги поставила на социјалните мрежи. 

Засега не е јасно дали станува збор за генетска мутација која е предизвикана со загадување или станува збор за "нормален" изглед на непознат вид.

"Кога загриза мислев дека имам убаво парче на јадицата. Се борев долго и мислев дека е поголема. Кога ја извлеков, не можев да им верувам на своите очи. Имаше две усти и беше сосема нормална. Брзо ја фотографиравме и ја вративме назад во езерото", рекла таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг