Педофилот Епстајн бил во контакт и со популарната Наоми Кемпбел: Своите робинки ги носел на роденденденските забави кај манекенката

Точка

23/08/2019

09:29

4.111

Големина на фонт

а а а

„Секогаш беше во првиот ред на ревиите на “Викторија Сикрет“. Тоа што го направил не може да се прости“ - изјавила Наоми.

Манекенката Наоми Кемпбел (49) некое време се дружела со Џефри Епстајн, милијардерот педофил кој неодамна се самоуби во затворската ќелија. Тој своевремено присуствувал и на 31-та роденденска забава на Наоми во друштво на својата сексапилна робинка Вирџинија Робертс.

Како што изјавила Наоми неа со Џефри ја запознало тогашното момче Флавио Бриаторе (69).

##https://twitter.com/QBlueSkyQ/status/1162434944825798656##

„Секогаш беше во првиот ред на ревиите на „Викторија Сикрет“. Тоа што го направил не може да се прости. Кога слушнав што направил... Фала му на бога дека имаше добри луѓе кои ме заштитија. Се сочувствувам со жртвите. Не можам... Тие се обележани за целиот живот. За целиот живот“ - раскажала Наоми.

Џефри во затворот го чекало судење за сексуално злоставување и трговија со секс без можност на ослободување со кауција, а се самоубил на 10-ти август во ќелијата. Епстајн на 8-ми јули се изјаснил дека не е виновен за сексуална трговија, откако два дена претходно бил уапсен. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг