Властите со булдожер му го срамнија ресторанот со земја: Стигна казната за Албанецот кој дивјачки ги нападна туристите и им го искрши автомобилот

Точка

23/08/2019

09:15

6.093

Големина на фонт

а а а

Надлежните служби му го срушиле ресторанот на сопственикот кој минатата недела ги нападна туристите кога се обиде да му го сопре автомобилот затоа што наводно не платиле сметка во ресторанот.

Според друга теорија, физичкиот напад на Михал Кокедима (51) се случил кога петочленото семејство се пожалило на лошата храна и услуга во ресторанот „Панорама“ во местото Химара на југот од Албанија.

Властите со булдожер го срушиле ресторанот во Порто Палермо, популарно летувалиште, јавуваат од ТВ Клан.

Сопственикот на ресторанот Михал Кокедима бил уапсен минатата недела бидејќи нападнал тројца шпански туристи и двајца Албанци, а властите се во истрага дали ресторанот немал дозвола за работа и дали во годините наназад сопственикот плаќал данок.

На видео снимката од нападот се гледа дека Кокедима се обидува да го запре автомобилот во кој се наоѓаат туристите така што скокнува на хаубата, ја крши шофершајбната и на возилото останува наредните пет километри.

Ел Паис објавил дека жртви на инцидентот биле шпанскиот бизнисмен Еугенио Галдон и неговото семејство. Албанскиот премиер Еди Рама се извинил и ја осудил постапката на сопственикот на ресторанот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг