Ова е меѓународна криза, ни гори куќата: Пожарите во Амазонија со апокалиптични размери

Точка

23/08/2019

10:30

2.010

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека пожарите кои што ја пустошат Амазонија претставуваат „меѓународна криза“ и ги повика земјите членки на „Г7“ да разговараат за тој проблем на претстојниот самит.

„Нашата куќа е во пламен. Буквално. Гори Амазонија, белите дробови на нашата планета кои што произведуваат 20% од вкупниот кислород. Тоа е меѓународна криза. Членки на „Г7“, се гледаме наскоро кога ќе разговараме за тој проблем“, напиша францускиот претседател на социјалната мрежа „Твитер“.

Изјавата на Макрон е парафраза на реченицата од 2002-ра година на поранешниот француски претседател Жак Ширак за глобалното затоплување, кога изјави дека „нашата куќа гори, а ние гледаме на другата страна“.


Макрон кој својата порака на Твитер ја напиша на француски и англиски јазик, му се придружи на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш кој вчера истакна дека е „длабоко загрижен“ поради пожарите во Амазонија.

Ситуацијата во најголемата прашума на планетата е тешка да се процени. Според податоците на Националниот институт за вселенски истражувања “INPE”, 75,336 шумски пожари се забележани во земјата од јануари до 21-ви август, или 84% повеќе во однос на истиот период од претходната година. Според една невладина организација, 54% од тие пожари биле во Амазонија.


Емануел Макрон очекува во сабота на југозападот на Франција, челниците на „Г7“ на самитот чија што тема е „борбата против нееднаквоста“, да се разговара и за климатските прашања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг