Авторот и ПР експерт, Коста Петров вечерва е избран за еден од потпретседателите на владејачката СДСМ.
Нов потпретседател е и министерката Мила Царовска, а оваа позиција ја напуштија Петре Шилегов и Фросина Ременски.
Петров вечерва преку својот Фејсбук профил порача дека одлучил да влезе во политика за да се обиде да направи нешто подобро, а не само да стои настрана и да коментира. Вели дека немањето искуство во политката го смета за свој најголем адут.
На Централниот одбор на СДСМ избрани се пет потпретседатели на партијата: Мила Царовска, Коста Петров, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зеќири, соопшти вечерва по ЦО претседателот на партијата и премиер Зоран Заев.
Коста Петров се огласи на Фејсбук профилот по повод новата функција во СДСМ, потпретседател на партијата.
Петров е сопственик на агенцијата „Пи ворлд“ која организира настани во голем број на држави, конференции, а е автор на неколку книги кои се бестселери.