Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Макфакс

22/08/2019

21:44

2.234

Големина на фонт

а а а

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за новинарите по завршувањето на седницата на Централниот одбор на владејачката партија.

„Веруваме во презумпцијата на невиност и веруваме во исправноста на независност со силата на аргументите да се докажуваат постапките за можен криминал на секој кој евентуално се огрешил пред законот. Верувам дека тоа се исправни чекори. Вакви случаи се мачнина и тешкотија за сите во општеството, но истовремено се предизвик“, рече Заев алудирајќи на притворот за Катица Јанева и случајот „Рекет“.

Тој изрази увереност дека Северна Македонија и граѓаните ќе излезат како победници и порача дека секој што се огрешил пред законот треба да одговара.



Спонзорирани линкови

Маркетинг