Морничави приказни од најмрачниот затвор на светот - Алкатраз!: И денес ја замрзнуваат крвта во вените

Точка

22/08/2019

18:51

5.760

Големина на фонт

а а а

Првите цивилни затвореници пристигнале во затворот Алкатраз на 11-ти август 1934-та година. До тогаш тој бил воен затвор каде што биле сместени воените заробеници од двете војни, американската граѓанска војна, а подоцна шпанско-американската војна.

За Алкатраз

Затворот Алкатраз сместен е во заливот Сан Франциско на островот Алкатрз и тоа е едно од најважните “проклети“ места во Америка.

Од „Лос Анџелес Тајмс“ овој затвор го опишуваат вака: Алкатраз е најозогласениот северен затвор кој оваа земја некогаш го видела. Неговата историја е длабока и голема како и приказните, гласините и легендите за него. Американците спомнуваат зли духови кои наводно се наоѓале на островот и пред затворот да биде отворен. Марк Твен исто така ја документирал морничавата атмосфера на островот откако го посетил.

Го опишал како: Ладен дури и во летните месеци. Затворениците, шумарите и посетителите пријавувале дека во затворот се случуваат паранормални активности: слушале шепоти од ќелиите, вратите на ќелиите се заклучувале сами, се слушале гласови од ходниците, постоење на ладни места, понекогаш се слушало звук од музички инструменти и машини за шиење.


Интересни факти за Алкатраз

Еден од првите затвореници бил Ал Капоне. Тој бил уапсен во 1931-та година поради утајување данок. Него во затворот му бил забранет секаков контакт со луѓето од надворешниот свет. Имал сифилис па потоа бил испратен во болница, па на домашно лекување. Починал во 1947-та година. Второто име на Ал Капоне во затворот било Затвореник број 85.


Нема докази дека од затворот Алкатраз некогаш некој побегнал. Имало 36 обиди за бегство од кои 23 биле веднаш откриени, 6 луѓе убиени и двајца удавени. Првиот обид за бегство се случил на 27-ми април 1936-та година. Според овој настан снимен е и филмот „Бегство од Алкатраз“ со Клинт Иствуд.

Името Алкатраз настанало од морските птици кои се жители на тој остров. Шпанскиот истражувач Хуан Мануел де Ајала го пронашол овој остров и го нарекол Алкатраз.


Третирање на затворениците во Алкатраз

Затворениците живееле едноставно и имале само основни работи за живот, како вода, храна, кров над главата, туш и доктор. Една од казните која се користела таму била онаа во која затворениците биле врзувани со ланци кои на едната страна имал метална топка.

Во овој затвор имало и четири дополнителни кули за стражарите, галерија со пиштоли, а решетките биле заменети со метални кои биле отпорни на сечење. Во сигурноста помогнал и фактот поради тоа што затворот се наоѓал на остров, од четири страни опколен со вода.





Спонзорирани линкови

Маркетинг