Анџелина на раб на плачење се разделила со најстариот син: „Денеска е денот кога ќе го оставам“

Кармин

22/08/2019

18:23

6.850

Големина на фонт

а а а

За тоа дека сите мајки се исти без оглед на тоа колку се славни, докажала Анџелина Џоли, која се растажила разделувајќи се од настариот син Мадокс, кога го испратила на Универзитет.

18-годишниот Мадокс Џоли Пит ќе студира на Универзитетот Јонсеи во Јужна Кореја.

Нивното доаѓање на Универзитетот е забележано на снимката која почнала да се шири на социјалните мрежи, а Анџелина многу емотивно го доживеала разделувањето.

Еден студент ја прашал колку време планира да остане во Јужна Кореја.

„Денеска си заминувам. Денеска е денот кога ќе го оставам“, рекла актерката и додала: „Се трудам да не заплачам“.

Мадокс е роден во Камбоџа, а презимето Џоли Пит го добил во 2006-та година, на барање на Бред и Анџелина, откако на светот му објавиле дека ќе го добијат своето прво биолошко дете.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk