Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во страв дека последниот потег на Солскјер ќе го натера Погба да замине од клубот

Дерби

22/08/2019

20:40

2.568

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед ремизираше на натпреварот против Вулверхемптон во рамките од 2. коло од англиската Премиер лига, а може да се каже дека виновник што „ѓаволите“ не ги однесоа трите бода е Пол Погба кој не реализираше удар од белата точка.

Веднаш по натпреварот се појавија интерни шпекулации дека Солскјер посочил дека Маркус Рашфорд отсега па натаму ќе биде првиот и единствен изведувач на пенали во клубот.

„Сан“ пишува дека дел од фудбалерите на Манчестер Јунајтед останале зачудени со реакцијата на Солскјер кој во соблекувалната изјавил дека Рашфорд ќе биде новиот пеналџија. Наводно соиграчите на Погба стравувале дека ваквиот потег на менаџерот ќе го натера францускиот фудбалер што побрзо да си замине од клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг