Ренато Санчес ја доби „битката“: Младиот фудбалер наскоро ќе има нов клуб

Дерби

22/08/2019

19:41

1.973

Големина на фонт

а а а

Кариерата на Ренато Санчес, некогаш најдобриот млад фудбалер не го доби очекуваниот правец по неговиот трансфер од Бенфика во Баерн Минхен.

Младиот Португалец беше испратен на позајмица во Свонси каде беше посочен како тотално промашување, а по враќањето меѓу „баварците“ многу ретко добиваше шанса за настап.

По првото коло и ремито со Херта, на кое Санчес одигра само пет минути, фудбалерот го крена класот и порача дека сака да си замине од Баерн Минхен, но дека од клубот не му го дозволуваат тоа.

Сепак, сега медиумите во Франција пренесуваат дека тимот на Лил сериозно се заинтересирал во своите редови да го види фудбалерот кој би пристигнал во клубот како позајмен фудбалер.

Ренато Санчес би пристигнал во овој клуб како замена за Николас Пепе кој во овој преоден рок се пресели во редовите на Арсенал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг