Барселона нема да има милост: Дембеле ќе заработи жестока казна

Дерби

22/08/2019

18:50

2.171

Големина на фонт

а а а

Усман Дембеле не се појави на закажаните медицински прегледи веднаш по натпреварот со Атлетик Билбао, и наместо тоа како што кажува неговиот агент замина во Франција.

Медиумите пренесоа дека тој бил во Сенегал и не бил достапен за медицинскиот тим, а кога се вратил, во понеделникот дознал дека заработил повреда.

Раководството на Барселона сериозно размислува парично да го казни Дембеле. Според правилата на клубот тој може да остане без цела мсечна плата. Најмалата казна која може да ја добие Дембеле е одземање на платата за 11 дена или околу 360.000 евра, додека може да се случи тој да добие казна и од приближно еден милион евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг