Ромелу Лукаку во летниот преоден рок одлучи да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во милански Интер.
Белгискиот напаѓач порача дека го напуштил „Олд Трафорд“ затоа што неговиот клуб не го третирал како што треба. Една од причините е тоа што Јунајтед не го заштитиле од нападите на медиумите, како и од страна на навивачите.
„Некој мораше да биде виновен. Проблемот е во тоа што секогаш виновни бевме јас, Погба или Санчез. Секогаш ние тројца. Па дали е тоа нормално?“, изјави Лукаку и додаде:
„Не игравме само ние лошо, но само нас нè напаѓаа. Бевме виновни за сè и тоа не ми се допаѓаше“, изјави Лукаку.