Во јужниот воен округ во Русија одржани се воени вежби на кои учествувале S-300 Favorit и други системи за противвоздушна одбрана.
Единиците S-300 во Астраханската област во текот на воените вежби одбиле форсиран ракетен напад на условен противник, соопштила прес-службата на Јужниот воен округ.
Во гаѓањето учествувале и комплексите "Pancir-S", "Tunguska', "Silka" и други.
Во воените вежби учествувале повеќе од 2.500 единици на воена и специјална техника, вклучувајќи и повеќе од 100 авиони и хеликоптери.
Оваа снимка ја објавила ТВ Ѕвезда, а погледнете како изгледа кога ќе "згрми" руски ПВО.