Тест: Дали е со вас само за да ја преболи поранешната?

Точка

22/08/2019

16:36

1.754

Големина на фонт

а а а

И додека некои луѓе скршеното срце го лечат со авантури за една ноќ, други утеха пронаоѓаат во нова врска. Но, често тие врски непосредно после раскинување немаат блескава иднина и служат само како опоравување од претходната.

Се разбира, никој не сака да биде „партнер за опоравување“, бидејќи така само би можел да заврши со скршено срце, кога личноста која неодамна излегла од врската ќе ја преболи поранешната љубов.

За навреме да може да препознаете дека сте во таква врска, во продолжение проверете кои знаци укажуваат дека некој е со вас само за да го излечи скршеното срце.


1. Постојано повторува дека помеѓу вас ништо не е сериозно

Ако инсистира на тоа вашата врска да не е сериозна, тогаш сигурно има и добра причина за тоа. Додека не ви потврди дека е подготвен со вас да биде во сериозна врска, немојте премногу да се “залетувате“, за да не завршите со скршено срце и да барате утеха во некој нов.

2. Очигледно уште не ја преболел поранешната

Ако постојано ја споменува својата поранешна (дури и во негативен контекст) или пак избегнува било каков разговор за неа, тогаш очигледно сè уште не ја преболел. А додека пати по некоја друга, не може во целост да ви се посвети вам.


3. Не сака емоционално да се отвори

Ако не зборува за своите чувства, тогаш веројатно и не сака ништо сериозно со вас, туку само површна авантура.

4. Имате чувство дека само ве искористува за секс

Понекогаш е добро да им верувате на вашите инстинкти, а ако покрај тоа забележите и некој од наведените знаци, веројатно интуицијата не ве лаже.

5. Ви изгледа како сè да се случува пребрзо

Ако бил предолго во врска, можно е и со вас од почетокот да се чувствува како да сте сериозен пар, бидејќи се навикнал на тоа. Но, тоа не значи дека со вас сака нешто сериозно, напротив, почесто тоа е показател дека сте му само “девојка за опоравување“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг