Мерцедес мора да се „пронајдат себе“ во битката со моторите

КРУГ.МК

22/08/2019

16:07

352

Големина на фонт

а а а

Мерцедес доминираше од почетокот на В6 хибридната ера, но постепено има зголемена конкуренција од Ферари и Ред Бул во последните две сезони.

Годинава, Ферари изгледа дека имаат драстична предност во брзината на правците пред германците, кои пак одлучија да ја променат својата филозофија на развој во зимскиот период со фокус кон повеќе потисна сила.

Промената кон Хонда од Рено за Ред Бул се покажа како правилен чекор, а јапонскиот производител направи импресивен напредок годинава со кој тие стигнаа до две победи во новото партнерство.

„ШАСИЈАТА НА РЕД БУЛ СЕКОГАШ БИЛА ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ И СЕУШТЕ Е. ХОНДА НАПРАВИ ГОЛЕМ ЧЕКОР НАПРЕД ГОДИНАВА И ТОА Е ЗА ПОФАЛБА.

СРЕЌЕН СУМ ЗА ФОРМУЛА 1 БИДЕЈЌИ СИЛНА ХОНДА Е ДОБРО ЗА СПОРТОТ И ДОБРО ЗА ПРВЕНСТВОТО, АКО ИМА ЧЕТВРТ ПРОИЗВОДИТЕЛ КОЈ Е КОНКУРЕНТЕН. ТОА Е ПОЗИТИВНО ЗА СИТЕ НАС.

ТОА ИСТО ПОКАЖУВА ДЕКА МОРА ДА ОТКРИЕМЕ НОВИ НАЧИНИ САМИТЕ ЗА ЧЕКОР НАПРЕД, ТАКА ШТО СЕТО ОВА Е ПОЗИТИВЕН ПРЕДИЗВИК“.

Откако беа поразени за пол позиција во Унгарија од Макс Верстапен, Валтери Ботас истакна дека скорешниот напредок на Хонда ќе го мотивира Мерцедес да работат повеќе и да најдат дополнителна моќ.

„ВАЛТЕРИ Е СОСЕМА ВО ПРАВО. НИЕ ИМАВМЕ СЕРИЈА НА УСПЕХ И СЕГА ЧУВСТВОТО Е ДЕКА МОРА ДА НАПРАВИМЕ УШТЕ ПОГОЛЕМ ЧЕКОР НАПРЕД.

ДРУГИТЕ НЕ СТИГААТ И ПОЛЕСНО Е ДА СЕ СТИГНЕ НЕКОЈ, ОТКОЛКУ ДА СЕ ОДРЖУВА НИВОТО. ПОСТОИ ПРИЧИНА ЗОШТО НИКОЈ НЕ ОСВОИЛ ШЕСТ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТИТУЛИ КАЈ ТИМОВИТЕ И ВОЗАЧИТЕ, БИДЕЈЌИ НЕ Е ЛЕСНО.

СИТЕ ГО ЗНАЕМЕ ТОА, НО МОРА ДА ПРИТИСНЕМЕ ПОВЕЌЕ И ДА БИДЕМЕ ПОВНИМАТЕЛНИ ВО ИДНИОТ РАЗВОЈ“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг