Фолксваген има нов „кабрио“ адут: Наскоро пристигнува T-Roc Cabrio

Точка

22/08/2019

16:31

1.528

Големина на фонт

а а а

Атрактивниот кросовер ќе биде новиот „кабрио“ адут на германски Фолксваген, а се очекува во продажните салони да пристигне веќе идната година.

Фолксваген не може да се пофали со новата „Буба“, но затоа кога станува збор за еден од поновите кросовери на компанијата, дури и една година после претставувањето и натаму се чека во ред.

T-Roc, новиот хит од Волфсбург, компактен SUV автомобил, односно кросовер изграден на зајакната механика на Golf од самиот почеток е полн погодок. T-Roc заедно со Golf и Passat е најуспешниот Фолксваген на новото доба.


Autozeitung.de сега објави и снимки од завршната фаза на тестирање, а презентацијата се очекува на почетокот на 2020-та година, по што ќе следува претставување и на Саемот на автомобили во Женева, за во продажните салони да пристигне идното лето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг