Истражувањето покажува: Оваа секојдневна навика му штети на сексуалниот живот, а речиси сите ја поседуваме

Точка

22/08/2019

16:21

2.382

Големина на фонт

а а а

Сеедно дали сакаме да ја зајакнеме нашата врска, да го подобриме задоволството во животот или да имаме поголема самодоверба – сексот помага!

Меѓутоа, истражувањето објавено во “Wall Street Journal” открило дека сè повеќе млади луѓе своеволно се одрекуваат од сексот поради една друга активност (за која не знаевме до пред неколку години): гледање Нетфликс или други канали со безбројни серии и филмови. 

Секоја четврта личност го става гледањето на филмови и серии пред сексот

Во истражувањето учествувале 1000 луѓе. Научниците им поставиле конкретно прашање на испитаниците: “Дали во последните шест месеци некој пат сте се одрекле од сексот поради гледање Нетфликс?”. Резултатот бил неверојатен: секој четврт испитаник одговорил со “Да”, односно најмалку еднаш во последните шест месеци гледал некоја серија наместо да има секс со партнерот.


16 отсто од испитаниците на возраст од 39 години и нагоре одговориле потврдно на ваквото прашање, додека во групата од 18 до 38 години, дури 36 отсто признале дека биле одбиени поради Нетфликс, а 30 отсто ги одбиле своите партнери.

Инаку, 86 отсто од испитаниците велат дека времето кое го поминуваат гледајќи филмови и серии со партнерот, го сметаат за “квалитетно заедничко време” и имаат чувство дека токму таа активност ги зближува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг