Каква е поврзаноста на Јасна Мандиќ со Боки 13 и случајот „Рекет“?

Точка

22/08/2019

22:05

7.008

Големина на фонт

а а а

Последниов период разни лица се предмет на линч во јавниот свет, поради новиот и засега најактуелен случај „Рекет“. Па така, овој пат ве запознаваме со детали за тоа која е Јасна Мандиќ - соработничка на Бојан Јовановски, меѓу останатото директорка на „1ТВ“, која ретко се споменува во јавноста.

Јасна Ерцеговиќ - Мандиќ е еден од сопствениците на Меѓународиот сојуз и нејзиното име е во тесна релација со бизнисите на Боки 13.

Името на Јасна Ерцеговиќ - Мандиќ првпат се појавува во јавноста пред 7-8 години, кога таа заедно со уште седум лица го основала здружението на граѓани „Ресурсен центар“, на родители на деца со посебни потреби, пренесува „А1 он“.

Пет години по формирањето на „Ресурсниот центар“, во 2017-та година се основа Меѓународниот сојуз кога Мандиќ првпат влегува во релација со Бојан Јовановски. 

Во хотелот „Александар Палас“, во јули истата година, се одржала првата конститутивна седница - заедно еден до друг седеле Боки 13, како претседател на здружението, ексминистерката за труд и актуелната потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски, како почесен претседател и Јасна Мандиќ како потпретседател. Таа тогаш изјавила дека мисијата на Сојузот е револуционерни измени, кои му се потребни на општеството во поглед на хуманоста, што треба да се истакне кон граѓаните на кои навистина им е потребна помош, пренесува „А1 он“.

Од овие најави во јавноста не се видоа некои поголеми резултати. Две години подоцна, на веб-страницата на Меѓународниот сојуз, делот “проекти“ стои дека е во изработка, а последните активности се од декември, 2017-та година.

Според информациите на “А1 он“, токму Мандиќ е одговорна за целата идеологија на Боки 13, особено во хуманитарниот дел поврзан со работата на Меѓународниот сојуз. А, токму меѓународиот дел е почеток од работата, а телевизијата „1ТВ“ само понатамошен продукт.

Останатите информации поврзани со тоа која е Јасна Мандиќ, може да ги прочитате на „А1 он“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг