“Идеално за доилки”: Модна комбинација која им ги подигна веѓите на жените ширум светот

Точка

22/08/2019

15:10

2.480

Големина на фонт

а а а

Австралискиот моден бренд “Born To Be Chic” споделил фотографии од последните креации кои на голема врата ги лансирал во продажба.

Станува збор за комплет од панталони и топ кој ги нагласува градите. Имено, горниот дел од комбинацијата е претставен како мултифункционално парче кое може да се носи на повеќе начини. 


Меѓутоа, на корисниците на социјалните мрежи не им било потребно многу време за да почнат да го критикуваат таканаречениот топ кој е всушност “најобична марама”.

А потоа започнале и шегите на сметка на ваквиот комплет:


“Конечно ја пронајдов соодветната комбинација за запознавање со неговите родители”, “Како мајка која го дои своето дете, овој топ е идеален за мене!”, се само дел од урнебесните коментари кои се појавиле под фотографиите.

Но, имало и такви кои сфатиле дека трендот на покажување на долниот дел од градите е моментално еден од најголемите трендови:


“Ве молам! Моето момче би ми ги бакнувало стапалата ако облечам нешто вакво”, заклучила една девојка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг