Пропаднаа трансферите на Ловрен во Милан и Рома, па сега тој среќата ќе ја бара во Бундеслигата

Дерби

22/08/2019

14:43

1.209

Големина на фонт

а а а

Повеќе од јасно е дека Дејан Ловрен ќе си замине од редовите на Ливерпул во овој преоден рок со оглед на фактот што јасно му било посочено дека не е во плановите на Јирген Клоп.

Хрватот беше пред преселба во Италија, меѓутоа трансферите во Милан и Рома пропаднаа, па тој сега ќе бара нова средина каде би играл во следната сезона.

„Кикер“ пренесува дека за хрватскиот репрезентативец постои сериозен интерес од таборот на Баер Леверкузен кој сака да го види во своите редои. „Фармацевтите“ би го добиле Ловрен на позајмица со можност за целосен откуп на неговиот договор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг