Мајорка му донесе конкуренција на Трајковски од Реал Мадрид

Дерби

22/08/2019

14:42

1.069

Големина на фонт

а а а

Од редовите на Мајорка во следниот период и официјално треба да го презентираат најновото засилување кое доаѓа од редовите на Реал Мадрид.

Станува зобр за екстра талентираниот јапонски офанзивец, Такефуша Кубо кој во Реал Мадрид пристигна ова лето од редовите на Токио.

18 годишниот фудбалер нема да биде во плановите на Зинедин Зидан за оваа сезона, но секако на него ќе се смета за во иднина со оглед на фактот што Кубо потпиша шестгодишен договор со „кралевите“.

Кубо веќе се наоѓа во Палма Де Мајорка и во следниот период се очекува да се официјализира соработката која ќе трае до 2020 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг