Погледнете каков робот испратија Русите во вселената: Неговата мисија е тајна

Точка

22/08/2019

15:59

3.358

Големина на фонт

а а а

Руската ракета „Сојуз-2“ утринава беше лансирана од космодромот „Биконур“ со цел да биде извршено тестирање на нов погон и товарно летало.

Покрај тоа, ракетата понесе и мал хуманоиден робот наречен Федор, чија што дестинација е Меѓународната вселенска станица.

Станува збор за тестирање на носечка капсула која досега учествуваше само во доставување на сателити во орбитата. Таа ќе го достави роботот Федор, односно “Skybot F-850” кој во текот на патувањето ќе биде сместен во пилотското седиште како човек.


Федор на Меѓународната вселенска станица носи посебно подготвени податоци за екипажот, а откако ќе пристигне на станицата, на Земјата ќе испрати информации поврзани со безбедноста на летот на „Сојуз-2“.

Покрај тоа, Федор во текот на 17-дневната мисија ќе изврши пет-шест комплексни задачи кои што засега се тајна. Неговото пристигнување на Меѓународната вселенска станица е закажано за недела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг