Селма Хаек објавила селфи без шминка и покажала дека едноставната нега е тајната на нејзината убавина

Точка

22/08/2019

14:17

4.143

Големина на фонт

а а а

Селма Хаек има 52 години и обожува да објавува фотографии без шминка, а познато е дека нејзината нега е многу едноставна.

За вашето селфи да биде совршено потребно ви е добро светло. Селма токму тоа го нагласила во новата објава. 

"Сакам да си играм со светлото. Кога ќе се запознаете со тоа, можете да направите да изгледате помлади и мистериозно, секси и слатко, но внимавајте, може да направи да изгледате постаро и грдо", напишала таа.

Изгледа дека Селма го усовршила играњето со светлото, бидејќи на фотографиите изгледа многу помладо. Нејзината нега е едноставна. Изјавила дека никогаш не ја чисти кожата наутро бидејќи од својата баба научила дека кожата во текот на вечерта се регенерира и дека така го враќа корисното што го изгубила во текот на денот.

Најмалку два пати дневно лицето го попрскува со вода од рози, пишува "Womanshealthmag". Прв пат тоа го прави наутро пред да нанесе хидратантна крема. Втор пат ја нанесува водата навечер за да ја исчисти кожата и отстрани шминката со помош на кокосово масло. Познато е дека актерката е зависник од маски за лице, но најчесто ги прави од природни состојки, како што овесна каша и хибискус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг