Макрон ја нападна италијанската влада: Пукнаа откако склопија сојуз со десничарите!

Точка

22/08/2019

14:59

1.037

Големина на фонт

а а а

Познато е дека односите помеѓу Макрон и италијанските десничари не се баш најдобри, а францускиот претседател сега остро го нападна и лидерот на „Пет ѕвезди“.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека Италија заслужува лидери кои се дораснати за својата задача и Луиџи Ди Мајо, еден од лидерите на партијата „Пет ѕвезди“ го нарече „голем губитник“ на кого му се удрило од глава тоа што се здружил со крајната десница.

„Италијанската лекција е кога некој прави сојуз со крајната десница, на крајот тоа секогаш е победа за крајната десница“, порача францускиот претседател пред новинарите во Париз.

##https://twitter.com/Blaiserboy/status/1164455812401467392##

„Кој е најголемиот губитник од последните случувања? Ди Мајо“, додаде Макрон, а на прашањето дали лидерот на десничарите, Матео Салвини загубил од тоа, францускиот претседател одговори: „Не знам, се надевам на тоа“.

Италијанската владеачка коалиција која ја сочинуваа антисемитското движење „Пет ѕвезди“ на Луиџи Ди Мајо и десничарската „Лига“ на Матео Салвини, се распадна откако Салвини одлучи да се повлече од коалицијата, а премиерот Џузепе Конте поднесе оставка.


Макрон додаде дека веќе разговарал со италијанскиот претседател Серџо Матарела кој водел консултации со сите партии во парламентот за можноста за формирање на нова коалициска влада.



Спонзорирани линкови

Маркетинг