Мицотакис: Правата на Грците во Албанија се услов за ЕУ-интеграцијата

Макфакс

22/08/2019

13:43

516

Големина на фонт

а а а

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис изјави дека почитувањето на правата на грчкото малцинство во Албанија е услов за земјата да добие датум за преговори со Унијата.

„Главната загриженост на грчката влада и моја лична загриженост е ефикасната заштита на малцинските права на грчкото национално малцинство во Албанија, што е услов за почеток на преговорите за интеграција на Албанија во ЕУ“, се наведува во писмото на грчкиот премиер Мицотакис.

Тој додава дека грчката влада и Нова демократија отсекогаш биле на страната на грчкото малцинство во Албанија.

Истовремено, шефот на грчката дипломатија додаде дека билатералните односи помеѓу двете земји дополнително ќе се развиваат и засилуваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг