Авионот се срушил во океан, а патниците сè снимиле и направиле селфи фотографии

Точка

22/08/2019

22:05

15.215

Големина на фонт

а а а

Доколку не се сподели на Инстаграм тогаш исто како да не се случило.

На интернет има премногу фотографии од Тихиот океан на кој пилотот Дејвид Лиш и неговите патници кажуваат дека нивниот авион се срушил. На авионот му откажал моторот, па Лиш слетал на површината од водата, а потоа тој заедно со патниците од авионот застанале на крилото од авионот и почнале да го снимаат тоа што им се случува.

„Ударот беше слаб, воопшто немаше проблеми и веднаш ја отворивме вратата и излеговме на крилото од авионот. Направивме брз попис на она што се наоѓа во авионот. Го зграбив мојот телефон и клучевите од автомобилот. Знаев дека имаме време околу 20-30 секунди пред авионот да потоне“ - вели Лиш. Во водата биле 40 минути, а потоа пристигнала помошта.

На снимките кои ги објавил Лиш на социјалните мрежи се гледа како тој и патниците се смеат и зборуваат дека преживеале несреќа и моментално чекаат помош.

„Набрзо стана ладно во океанот. По 20-на минути почнав да смрзнувам. Насекаде имаше медузи. Околу нас имаше и китови. Чекавме додека можевме. Авионот потона, влеговме во водата. Медузите цело време нè допираа“ - изјавил Лиш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг