Кира Најтли го покажала трудничкиот стомак: Актерката без грам шминка, одвај ќе ја препознаете

Точка

22/08/2019

12:45

3.057

Големина на фонт

а а а

Убавата актерка чека второ дете со сопругот, музичарот Џејмс Рајтон.

Бремената британска актерка Кира Најтли била фотографирана од папараците во Лондон додека купувала овошје, во лежерно издание и без грам шминка. 

Актерката била во фустан кој јасно го оцртувал нејзиниот труднички стомак, тексас јакна и патики. Таа прво телефонирала, а потоа ги купувала здравите намирници.

За убавата Кира ова ќе биде второ дете со сопругот, музичарот Џејмс Рајтон.

Потсетуваме, Кира и Џејмс се венчале во 2013-та година, а прв пат станале родители пред две години, кога ја добиле ќерката Иди. Искуството со првото породување на Кира било трауматично, и за тоа отворено зборувала во својот есеј кој се занимавал со притисокот на жените да изгледаат совршено по породувањето.

"Мојата вагина се раздвои. Излезе од мене со отворени очи, со рацете кренати во воздух. Те ставија на мене цела крвава, а твојата глава изгледаше осакататено кога излезе од мене. Пулсираше, врискаше и се тресеше", пишала тогаш актерката.

Кира го споредила своето искуство со искуството на Кејт Мидлтон, која само пар часа по своето породување блескала, а ја родила Шарлот само ден откако Кира го родила Еди.

"Стоиме и гледаме ТВ. Излезе од болница седум часа по породувањето, нашминкана и на високи потпетици. Тоа лице светот сака да го види. Сокриј се. Сокриј ја на нашата болка, телата кои се распаѓаат, градите кои течат и хормоните кои дивеат. Изгледај убаво. Изгледај прекрасно, не покажувај дека си дошла од бојно поле Кејт. Седум часа по борбата со живот и смрт, седум часа откако телото ти се преполови и од тебе излезе крваво дете кое вриска. Не покажувај. Не зборувај. Стој си таму со својата ќерка и дај им на машките фотографи да го сликаат", порачала тогаш Кира.




Спонзорирани линкови

Маркетинг