ЕУ против безусловен повик на Русија во Г7

Макфакс

22/08/2019

12:22

946

Големина на фонт

а а а

Европската Унија е против испраќање на безусловен повик до Русија повторно да се приклучи на разговорите на водачите на Г7, изјави денес висок европски функционер.

Тој на тој начин го коментираше предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп дека би било соодветно Русија да се приклучи на групата Г7 на напредни индустријализирани земји во светот, пренесува „Ројтерс“.

Самитот на Г7 се одржува овој викенд во Бијариц, Франција.

Русија беше член на форматот Г8 пред да биде исфрлена од групата по анексијата на Крим.

Официјален претставник кој сакаше да остане анонимен, рече дека причините за исклучување на Москва „сè уште важат“ и дека секоја понуда за безусловно враќање ќе биде „контрапродуктивна“ и „знак на слабост“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг