Манекенката критикувана поради фотографијата на која се гледаат нејзините голи гради: “Сè што гледам е средовечна криза”

Точка

22/08/2019

12:33

2.643

Големина на фонт

а а а

46-годишната Хајди Клум објавила фотографија од летувањето во Италија, а бидејќи се фотографирала топлес, таа ризикува да биде блокирана од социјалната мрежа Инстаграм.

Смелата фотографија ги поделила нејзините фанови и предизвикала мноштво коментари.  

Хајди моментално ужива на медениот месец со 29-годишниот сопруг Том Каулиц. Фотографијата била направена на палуба и станува збор за црно-бело издание на кое манекенката носи само пешкир кој е замотан околу нејзиното тело, но градите ѝ се потполно откриени. Покрај објавата, таа напишала: “Сè што гледам е вода”.

Многумина ѝ одговориле дека им е мило што таа е толку среќна и дека блеска, но имало и такви на кои ваквите објави не им се допаѓаат.

Еден од фановите ѝ напишал: “Сè што гледам е средовечна криза”, а други ја советувале таквите фотографии да ги задржи за себе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг