Нов бизарен тренд на исхрана: Пар живее исклучиво од овошје

Точка

22/08/2019

11:56

6.207

Големина на фонт

а а а

Новиот бизарен тренд на исхрана го покренале Али Реза Корасани и Даниелa Сира кои јадат исклучиво овошје. Методата која ја следат ја нарекуваат “Fruitarian”, а со неа го замениле веганството.

Тие консумираат исклучиво овошје и велат дека и Мајкл Џексон експериментирал со таква диета. 

“Бевме надуени, грди и анксиозни, а потоа пред 4 години се свртевме кон сировото овошје. Никогаш не сме се чувствувале подобро”, вели овој пар за “Daily Mail”.


Али имал проблеми поради веганството – тој чувствувал надуеност, имал акни и бил дехидриран и слаб, а поради тоа побарал лек кој ќе ги елиминира наведените симптоми. Даниела се посветила на ваквиот животен стил по патувањето во Азија, каде се заљубила во егзотичните видови на овошје. Таа патела од нарушување во исхраната, имала тегоби и дигестивни проблеми, а резултатите, како што вели, започнала да ги забележува по само две недели.


“Воглавно јадеме сирово овошје, а повремено и лиснат зеленчук, јаткасти плодови и семиња, но во многу мали количини. Се чувствуваме послободно, и телесно и емоционално и духовно. Веројатно бидејќи се ослободивме од “отпадот” и се посветивме само на овошјето и постот”, открил Али кој претходно се занимавал со бодибилдинг и седум дена во неделата консумирал месо, млечни производи и јајца.


“Бев анорексична, се прејадував, претерано тренирав и бев анксиозна. Сето тоа се промени кога одлучив да се хранам со овошје. Треба голема пракса за да се храните на тој начин во денешниот свет”, смета 22-годишната Даниела.

Парот по пат на социјалните мрежи ги учи луѓето на оваа метода и ја промовира предноста на таквата исхрана која е всушност опасна бидејќи не му ги обезбедува сите потребни нутритиенти на организмот. И тие самите признаваат дека се често гладни бидејќи овошјето се состои од многу вода.


“Треба да изедете многу банани за да бидете сити”, открива парот.

Но, тие не го сметаат својот животен стил за минлив тренд.

“Сите бараат докази дека тоа што го правиме е здраво, но нам не нѝ требаат. Можеме само да се надеваме дека луѓето ќе ја испробаат оваа метода и на своја кожа ќе се уверат дека ќе се чувствуваат подобро”, порачуваат Али и Даниела.




Спонзорирани линкови

Маркетинг