Фатиме Фетаи: Секој што се огрешил мора да одговара

Макфакс

22/08/2019

11:44

3.280

Големина на фонт

а а а

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на СЈО, Катица Јанева кoја од вчера е во 30-дневен притвор во затворот Скопје.

„Ова што се случува може да биде само добар показател дека секој што се огрешил пред законот мора да одговара и дека работите конечно се придвижуваат во позитивна насока во државата и дека никој не е недопирлив“, рече Фетаи утрово пред судот каде имаше закажано рочиште. Таа смета дека евентуалната одговорност на Јанева не смее да ја оцрни и целата институција, но и да се заборави на борбата против криминалот.

„Евентуалната индивидуална кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО не смее да биде изговор и оправдување за да се заборави целокупниот криминал кој се направи изминативе години и ние да ја запреме нашата борба. Тимот на СЈО е во целост посветен на борбата за правда и ние продолжуваме со она што е наша работа- застапување на предмети во судница“, вели Фетаи.

Во случајот „Рекет“ кој беше обелоденет на 15 јули годинава осомничени се и Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Обвинителството ги сомничи тројцата дека од бизнисменот Јордан Камчев изнудиле 1,5 милиони евра во замена за олеснување на постапката против него во случајот „Империја“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг