Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Макфакс

22/08/2019

10:50

3.216

Големина на фонт

а а а

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на општината Ѓорче Петров.

Од ЈСП информираат дека при инцидентот нема повредени патници и причинета е само материјална штета.

Автобусот сообраќал на редовна линија во правец кон Центар и бил изгаснат во брзо време, благодарение на брзата интервенција на екипата на Противпожарната бригада.

Возачот на автобусот изјави дека за време на возењето забележал чад од горниот кат на возилото, застанал и со противпожарни апарати се обидел да го изгасне. Во меѓувреме забележал и искрење и повикал на помош екипа на Противпожарната бригада.

Причините за пожарот се утврдуваат, информираат од ЈСП кои додаваат дека веднаш излегле на терен. Во моментов, на терен врши увид и екипа на МВР.




Спонзорирани линкови

Маркетинг